Почина новинарката Гордана Дувњак

by Тони Зографски

По долго боледување, на 61-годишна возраст, почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството.

Дувњак својата новинарска кариера ја започнала во 1988 година во Македонската радио-телевизија, каде работела две години. Од 1991 до 1999 година била дел од редакцијата на „Нова Македонија“, по што следува долгогодишниот ангажман во „Утрински весник“, каде работела како новинарка и уредничка во периодот од 1999 до 2017 година.

Професионалниот пат го продолжила во порталот „Макфакс“ во 2017 година, а една година подоцна станала дел од телевизијата „1ТВ“, каде исто така извршувала и уредничка функција. Од 2019 година работела во неделникот „Фокус“.

Погребот ќе се одржи утре во 11 часот во капелата во Бутел, а во 12 часот на гробиштата во Бутел.

останати вести