Вчера во Неготино на 71-годишна возраст почина Дионис Пашлаков, пасионираниот колекционер на стари автомобили и пензиониран професор по биологија.
Негови блиски роднини за „Фокус“ потврдиле дека Дионис починал синоќа, околу 23 часот, по неколку месечната борба со леукемијата.
Инаку, Пашлаков беше главен протагонист во документарецот ,,Со љубов” кој го режираше неговиот поранешен ученик Илија Цветковски, по сценарио на наградуваниот документарист Атанас Георгиев. Документарецот пред три години го отвори фестивалот МакеДокс во скопски Куршумли ан и веднаш ги освои симпатиите од пошироката јавност. Во документарецот е овековечена неверојатната страст кон старите автомобили на Дионис, неговата потрага по стари коли, и животната желба да отвори во Неготино музеј кој ќе стане светска атракција.