Младата српска актерка Достана Николиќ (21) ја загуби битката со леукемијата.
-Синоќа не напушти нашата Достана. Немам зборови – напиша кусо на социјалните мрежи нејзината колешка и професорка Данијела Врањеш, информирајќи ја јавноста за трагедијата. Данијела на Инстаграм објави фотографија со помладата колешка и ги растажи сите.
Достана Николиќ глумеше во неколку серии, а се прослави во серијата „Ургентен центар“. Таа студираше на Академијата за уметности во Нови Сад.
Голем број актери се вклучија во борбата за собирање крв за да ѝ се помогне на Николиќ.