На Фејсбук вчера се ширеш статус преку кој се бараше итно пружање на помош на жена болна од рак.
Нејзината ќерка преку статус иако побара помош од нејзините пријатели и пошироко.
“Итно ми треба помош: Мајка ми има рак и се гуши од болки и не може да дише. Брза Помош нема возило!!! Ве молам помагајте, сама е дома со сестра ми која е глуво лице!!!, стои во нејзиниот прв пост на Фејсбук.
Подоцна, на друг пост, таа напиша дека чекајќи брза помош мајка ѝ починала.
“Почина мајка ми чекајки брза помош!
Секоја чест Македонијо за парите во здравство што ви ги дававме цел живот!
Не била приоритетна пошто канцер имала!
Браво Скопје како ја мериш важноста на животите!“.