Глумицата Маргарет Нолан, позната по улогата во филмот на Џејмс Бонд „Голдфингер“, почина на 76-годишна возраст.
Тажната вест за смртта на оваа актерка ја потврдил нејзиниот син Оскар Декс.
– Моја должност е да објавам дека актерката и уметница, одличната Маргарет Нолан, почина. Таа се наоѓаше на средниот дијаграм на Вен за кул 60-тите години, се појавуваше со „Битлси“, стана икона во филмот Бонд, како и дел од тимот „Carry On “ – напиша режисерот Едгар Рајт на својот профил на Твитер, кој неодамна соработуваше со Нолан на неговиот претстоен филмот Last Night in Soho.
Маргарет Нолан е родена во Сомерсет во 1943 година,а ја започна својата кариера како модел, а потоа ја прошири на филм, телевизија и театар. Покрај Голдфингер со Шон Конери, таа играше и со Битлси во „Тешка ноќ“ (1964).
Кон крајот на осумдесеттите години, таа направи пауза од актерската кариера, а потоа се врати на големото платно во 2011 година како Ивон Дојчман во филмот „Силата на тројцата“.
Маргарет Нолан зад себе остави две деца – Дикс и Лук О Саливен.