Со неизмерна тага ви соопштуваме дека утрово почина Мајда Тушар (1950-2022), нашата драга колешка и актерка во Драмски театар Скопје (од 1972 до 2015г.), објави Драмски театар на својата фејсбук страна простувајќи се од актерката.
Мајда Тушар дипломираше актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучи во тековниот репертоар на театарот, особено во проектите на Вечерната сцена.
Нејзини поважни актерски остварувања се:
Рут во „Дејството на гама зраците врз сенишните невени“ (1973), Лисјена во „Болва во уво“ (1974), Дафина во „Јане Задрогаз“ (1974), Неда во „Црнила“ (1977), Ленче во „Ослободување на Скопје“ (1978), Орсолина во „Рибарски караници“ (1979), Невестата во „Чудото на Свети Ѓорѓи“ (1981), Клодија во „Тетовирани души“ (1986), Кристина во „Сили во воздухот“ (1988), Медеја во „Медеја“ (1988) и Блага во „Кула Вавилонска“ (1990).
Добитник е на следните награди:
1994г. Наградата „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на театарот.
1978г. Актер на годината за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“
1978г. Наградата „Војдан Чернодрински“ за главна улога за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“
1999г. Награда за најдобра споредна улога за ликовите на мајките во претставата „Роберто Зуко“.
Драга Мајда почивај во мир!