Едно лице од Кочани починало од коронавирус потврди за „Слободен печат“ градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.
Веста ја добил утринава од член на потесното семејство на починатиот. Семејството е во изолација и барало помош да се организира погребот. Општината е вклучена во помагање да се организира погребот.
-Последен пат се слушнав со него во четвртокот, ми кажа дека има болки и дека ќе го приклучат на апарати. Беше на Инфективното одделение во Скопје, ни рече Илијев.
извор: Slobodenpecat.mk