Почина Лефтер Бошковски

by Тони Зографски

На 81 годишна возраст во Скопје денеска почина Лефтер Бошковски, познат спортски работник, ракометен тренер, професор, а беше и предводник на најдобрата женска македонска репрезентација.

Во Романија каде беше многу почитуван, го стекна ракометното образование, а потоа истото го пренесе во нашата земја.

Во тренерската кариера ги водеше ракометните клубови на Вардар, Работнички и Кометал Ѓорче Петров.

Знаеше да препознае талент, имаше голем љубов кон ракометот споделувајќи го своето знаење, воведувајќи модерен ракомет во Македонија.

Имаше доста успеси во својата кариера, меѓу нив и освојувањето на првиот трофеј на традиционалниот струшки турнир кој годинава ќе одбележи 50 години постоење.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com