На три дена до стартот на новата сезона во Формула 1, утринава стигна тажна вест. Директорот на Формула 1, човекот кој одбележа една долга ера во овој спорт, Чарли Вајтинг почина на 66-годишна возраст во Мелбурн.
Неговата кариера започна во 1977 година со тимот на Хески, подоцна се префрли во тимот на Брахам. Во доцните 80ти се приклучува во ФИА, а во 1997 година станува директор во овој спорт.
Вајтинг кој беше еден од највлијателните луѓе во мото-спортот почина од болодробна емболија.