Семејството на славниот пијанист и клавијатурист, Чик Кориа, објави дека на 9-ти февруари, на 79-годишна возраст, тој починал од ретка форма на рак, откриен неодамна.
Виртуозниот клавијатурист го прошири влијанието на џезот за време на кариерата која траеше повеќе од пет децении.
„Во текот на својот живот и кариера, Чик уживаше во слободата и забавата што можеше да се има при создавањето нешто ново и ушиваше во создавањето на уметничките џез дела“, напиша неговото семејство во изјавата за јавноста.
„Преку неговото дело и децениите што ги помина во обиколка низ светот, тој ги допре и инспирираше животите на милиони луѓе“-стои во изјавата.
Во раните шеесетти години, Кореа се етаблира како пијанист од А-листа, соработувајќи со Стен Гец, Херби Ман и други. Подоцна, тој се приклучи на бендот на Мајлс Дејвис и одигра клучна улога во помагањето бендот да премине во посовремен звук на албумите, како на пример албумот Bitches Brew.
Во следните децении, Кориа работеше на многу проекти, покажувајќи го својот неограничен талент- од рафинирано дуо со вибрафонистот Гери Бартон до неговиот тренд Електрик бенд. Неговиот најнов албум, соло диск „Плеј“ во живо во 2020 година, ги покажа неговите различни вештини и влијанија, од џез до класична музика, пишува магазинот Ролинг Стоун.