Легендарниот југословенски телевизиски водител Саша Залепугин (91), почина вчера вечер како последица на мозочен удар.
Тажната вест ја потврди неговата сопруга Тихана Харапин Залепугин која на Фејсбук се прости од него со зборовите:
– Збогум љубов моја, единствена моја – чекај ме.
Саша Залепугин (91) беше еден од најпопуларните телевизиски водители во поранешната држава, со чиј лик и глас поминаа незаборавните неделни попладневни часови. Во пензија ја откри својата инвентивна страна, но телевизијата беше и остана неговата прва љубов.
Од 1971 година беше уредник на забавната програма на РТЗ и почна да ја уредува и води „Неделно попладне“, емисија која влезе во телевизиската историја на Југославија како прототип на мозаично-забавна емисија, која можеби не е надмината до денес со оглед на стандардите што ги имаше Залепугин.
Тој пред точно 40 дена доживеа мозочен удар и оттогаш беше на одделението за интензивна нега во Ребро во Загреб.