Почина легендарниот чешки режисер Јиржи Менцл

by Тони Зографски

Легендарниот чешки режисер Јиржи Менцл почина на 82 години, соопшти неговата сопруга Олга.

Менцл беше познат по филмовите во кои комбинираше хуманистички поглед на светот со сарказам и со провокативни теми.

Неговиот филм “Строго контролирани возови“ во 1966 години освои Оскар за најдобар странски филм, а неговата популарна комедија “ Село мое мало“ од 1985 година, беше неминирата за истата награда.

Други познати филмови на Менцл се: “ Злосторство во женското училиште“, Хировито лето“ и “Му служев на англискиот крал“.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com