Легендарниот американски режисер Питер Богданович почина на 82 годишна возраст.
Неговиот прв филм „Последното филмско шоу“ од 1971, според романот на Лери Мекмурти, имаше премиера на фимскиот фестивал во Њујорк и предизвика сензација, а критиката го нарече „најимпресивно дело од млад америкаски режисер уште од ‘Граѓанинот Кејн’“. Филомот освои 8 номинации за Оскар, меѓу кои и за најдобар филм и за режија.
Во 1973 го режираше „Месечина од хартија“ со Рајан О’Нил, а за кој неговата 9-годишна ќерка Тејтум О’ Нил освои Оскар.
Син е на српскиот пијанист Борислав и австриската сликарка Херма, кои од Европа се преселиле во САД во годината кога им се родил синот. Во 1950-те, Богданович студирал глума во школата на Стела Адлер, чии студенти биле и Марлон Брандо и Роберт де Ниро.