Еден од најпопуларните радио водители во поранешна Југославија, Зоран Модли почина во 71 година од животот.
Кариера ја започна како диџеј по белградски дискотеки. Ја издаде плочата “Зоран Модли и летечка дискотека“, а беше уредник и во култниот музички магазин “Џубокс“.
Во 1975 година со Бора Ѓорѓевиќ ја основа групата “Ајдук Станко и јатаци“ и издаде два сингла. Во осумдесетите Модли беше популарен со својата радио емисија “Вентилатор 202“.
Инаку, Зоран Модли 20 години работеш во “ЈАТ“ како пилот на “Боинг 727“ а подоцна работеше како капетан во приватната авиокомпанија “Принц Авијешн“, се до 15 јули, 2010 години кога доживеа несреќа на аердромот во Брач кога се лизна со млазен авион. Авионот изгорел, но патниците и екипажот останале неповредени. По оваа несреќа Модли ја напушти пилотската кариера и ја напиша “Пилотската книга“.