Денес на 75 години, почина Драган Б. Костиќ, човекот кој важеше за еден од најпрепознатливите радио кај нас.Неговиот син Бане Костиќ, преку својот ФБ профил ја потврди веста дека познатиот новинар и радио-водител, не успеал да се избори со болеста.
,,Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ, сопруг, татко и дедо, на 75-годишна возраст.
Роден во Скопје во 1950 година, Костиќ ја започнал кариерата во тогашното Радио Скопје, прославувајќи се како со својот глас, така и со емисиите „Диско селектор“, која почна да се емитува во јуни 1974 и „Заборави ако можеш“, која ја водеше од 1991. Втората го доживеа своето 4.500 издание во октомври 2013.
Покрај радиото, Костиќ се испроба и во другите медиуми, па го имаше своето шоу „Б со точка“ на телевизијата „Телма“ и ја водеше онлајн емисијата „Кавервил“.
Костиќ беше и еден од легендарните скопски диџеи и голем колекционер на музика.
Последна почит ќе се одржи утре, недела, 21 декември од 12:30 – 13:30 во капелата на гробиштата Бутел
