Почина македонскиот пејач Ѓорѓи Желчески.Прилепскиот пејач нè напушти на 82-годишна возраст. Тој зад себе остави бројни хитови а честопати е нарекуван „амбасадор на македонските песни“.
Ѓорѓи Желчески е роден во Прилеп во 1938 година. Желчески беше оженет со пејачката Кевсер Селимова со која живееше во Белград, а летните месеци ги минуваа во нивнот апартман на полуостровот Истра, во Хрватска.
Селимова и Желчески имаат едно дете – ќерката Ана, родена во 1980 година, во Белград, од која го имаат внукот Ерол, роден во 2012 година.
Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко”, „Бело лице љубам јас”, „Врати ми се, љуби ме”, „Брала мома капини” итн.
На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржаа концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележале јубилејот-пет децении творештво.