По кратко боледување почина иконата на италијанската музика и телевизија, Рафаела Кара, на 78 годишна возраст.
Тажната вест ја соопшти нејзиниот долгогодишен партнер, кореографот Серџо Јапино.
-Рафаела не напушти. Замина во подобар свет, каде нејзината хуманост, нејзината смеа и нејзиниот извонреден талент засекогаш ќе блескаат, изјавил дологодишниот партнер на Рафаела.
Во 1971 година, таа постигнала уште еден успех во ТВ-шоуто Канзонисима, изведувајќи ја тематската песна Chissà se Va. Од средината на 70-тите години наваму, Кара беше популарна ТВ-водителка на разни емисии во Италија (Ma Che Sera, Fantastico 3, Pronto … Raffaella ?, Domenica In, Weekend con Raffaella Carrà) и во Шпанија (Hola Raffaella).
Во 1984 година, неделникот Л’Еспресо ја опиша Кара како личност на која и аплаудирале повеќе од [претседателот] Пертини, поскапа од [фудбалерот] Мишел Платини и повеќе чудесна од [современиот светец] Падре Пио.
Во 2013 година, таа се врати на малите екрани како ментор на шоуто за таленти „Гласот на Италија“ и беше објавен нејзиниот последен албум „Реплеј“.