Една од најдобрите атлетичарки во поранешната СФР Југославија, Вера Николиќ почина на 72-годишна возраст.
Здравствените проблеми за Вера Николиќ почнале на 21. јануари оваа година кога во Крушевац доживеала мозочен удар. Веднаш била префрлена во Белград каде и бел извршен оперативен зафат по што дури шест месеци беше во индуцирана (вештачка) кома, но за жал не успеа да се опорави.
Вера Николиќ е родена во Грабовица на 23 септември 1948 година и таа е единствена атлетичарка од поранешната Југославија која била светска рекордерка. На 20 јули 1968 година во Лондон делницата на 800 метри ја истрча за тогаш рекордни 2:00.5 минути и речиси три години беше светска рекордерка.
Таа е и двојна европска шампионка на 800 метри, до златниот медал дојде во Будимпешта 1966 и Хелсинки 1971 година
Comments are closed.