Познатат модната дизајнерка Вивиен Вествуд почина денеска на 81 година, пренесе БИ-БИ-СИ.
Веста за нејзината смрт ја потврди нејзината модна куќа, а во соопштението истакнаа дека прочуената дизајнерка починала мирно во кругот на своето семејство во Лондон.
Вивиен Вествуд работеше до последен момент, дизајнираше парчиња облека, ја пишуваше својата книга, обидувајќи се да го направи светот подобро место за живеење. Таа водеше интензивен и неверојатен живот. Нејзините иновации во светот на модата имаа огромно влијание во изминатите 60 години.