Некрунисаниот крал на порно индустријата и исновач на познатиот магазин за мажи Хастлер, Лари Флинт почина на 79 години. Извор од семејството вели дека тој починал од срцев удар утринава по калифорниско време.
Лари Флинт повеќе од 50 години беше едно од водечките имиња на индустријата за забава за возрасни, а во 1974 години го основа Хастлер, што му донесе слава и богатство, но и бројни проблеми со законот.
Дел од неговиот живот е прикажан во филмот “Народот против Лари Флинт“ кој добил Оскар во 1996 година.
Во 1978 година во Флинт пукаше серискиот убиец Џозеф Пол Френкин, поради што од колкови надоле остана парализиран и беше во инвалидска количка. Се женеше пет пати, во 1984 година се кандидираше за претседател на Америка, а во 2003 за гувернер на Калифорнија.
Зад себе остави пет ќерки и син, како и бројни внуци и правнуци.