На 66-годишна возраст, синоќа во Скопје, почина Анте Дуковски.
Дуковски беше синоним за кошарка, особено во кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, каде помина најголем дел од својата играчка, но и тренерска кариера. Беше играч и на велешки Борец, тренер и на Жито Вардар, заигра и во Работнички…
Откако заврши со играчкиот дел, работеше во клубот од Аеродром. Како прв тренер на „металците“ иј ја донесе првата шампионска титула во самостојна Македонија. Работеше и со големите тренерски имиња како Лазар Лечиќ, Благоја Георгиевски-Буштур, Ивковиќ, Балетиќ…Потоа долги години и со Александар Петровиќ.
Беше дел и од македонските репрезентативни селекции, дел од македонската Спортска Академија, а смртта го затече како дел од тренерскиот тим на Академија ФМП.