Почина и дедото на браќата од Кавадарци кои ја загубија битката со ковид-19

by Тони Зографски

На ковид одделение во Кавадарци починал дедото на двете момчиња кои претходно починаа на Инфективната клиника. Оваа информација дополнително ја растревожи Тиквешијата, откако претходно ја обзеде жал по 26 и 21 годишните млади кавадарчани.

– Точно е дека на ковид одделението почина лице со истото презиме и на истата адреса како и момчињата, – за МИА утрово потврдија од кавадаречката болница.

Оттаму дека две лица починале на тоа одделение во изминатите 24 часа, со многу сериозни коморбидитети. Едното на 77, а другото на 74 години.

Ова семејство пред пет години го загубило столбот на семејството, нивната мајка, која починала од компликации од свински грип, на само 40 години.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com