Почина Ирена Богданоска од Крушево, која на 09.08.2021 година, по убод од инсект падна во кома. Таа беше пренесена во една од приватните болници во Скопје и се бореше за живот.
-Почитувани роднини драги пријатели во овие тажни и тешки моменти чувствувам потреба да се заблагодарам на сите здраствени работници и на целиот народ кој се солидаризираше со нас во најтешките моменти на моите крушевчани , но за жал и покрај сите напори мојата ќерка Ирена ја загуби битката, – објави вчера преку социјалната мрежа на Фејсбук нејзиниот татко Ѓоко Костоски.