Хосеин Шеиколеслам, советникот на иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, кој учествуваше во заложничката криза во американската амбасада во 1979 година, почина од коронавирус, објави иранската официјална новинска агенција ИРНА.
Ветеранот, револуционер и дипломат починал доцна синоќа, стои во соопштението на ИРНА.
Иран се обидува да го стави под контрола брзото ширење на коронавирусот, од кој досега се заразени 3.513 лица и има најмалку 107 смртни случаи во исламската република. Околу 23 пратеници се тестирани пoзитивнo на бoлестa, вклучувајќи го и шефот на службите за вoнредни cлyчaи, а меѓу другите пoчинaти достоинственици се член на советот што го советува ајатолахот, поранешен амбасадор и новоизбран член на парламентот.