Како последица на корона вирусот почина Зоран Арсов, тренер на многу млади генерации во македонскиот фудбал.
Арсов (54) ќе остане запаметен по тоа што долги години беше дел од младинските категории на Цементарница, од каде произлегоа голем број фудбалски таленти.
Арсов беше поранешен фудбалер на Вардар, а во својата кариера покрај младите категории на Цементарница, успешно ги водеше и младинските тимови на Еуромилк, Академија Пандев… Кратко беше и на клупата на сениорскиот тим на Цементарница.
Со младите категории освои многу трофеи, како на домашна, така и на меѓународна сцена.