Викторија Руоволо (59) од Њујорк почина откако пред 15 години е погодена со смрзната мисирка во глава. Рајан Кашинг (18) и неговите другари купиле мисирка со украдена кредитна картичка и при брзина од 130 км на час ја фрлиле од колата и ја погодиле Викторија во глава.
Нејзе и биле искршена речиси сите коски на лицето и еден месец била во кома. По операцијата која траела речиси осум часа лекарите со метални плочки и го составиле лицете.
– Не знаеја дали сум машко или женско бидејќи целото лице ми беше сплескано. Левото око висеше од страна. Ме ставија во вештачка кома оти мозокот ми отекуваше – изјавила Викторија во едно интервју во 2011 година.
Тинајџерите биле фатени, но Викторија побарала да ги помилуваат. Кашинг потоа бил осуден само на шест месеци затвор и пет години условна казна.