Навивачката група на Новак Ѓоковиќ “НолеФам“ остана без еден од најголемите поддржувачи на српскиот тенисер.
Имено, почина Ејми, една од најголемите навивачки на Ѓоковиќ.
-Само што ја добив веста дека Ејми почина. Почивај во мир. Ви благодариме за супер забавните моменти што ги имавме во 2019 година. На “Нолефам“ ќе му недостигаш. Тажна сум и без зборови – напиша нејзината пријателка Џули со фотографија на која таа и Ејми се со српското знаме и пораки за поддршка на Новак.