По кратко боледување, на 59 – годишна возраст утрово почина еден од најпознатите скопски угостители Мирко Голомеиќ.
Тој беше сопственик на ресторанот „Мирко 919“ и сите угостителски објекти под брендот „Рагуза“. Според информациите Голомеиќ починал по проблеми со срцето.
Веста за смртта утрово на социјалните мрежи ја објави неговиот син кој информираше дека Голомеиќ почина во 10.40 часот.
„Секогаш ќе те паметиме вака насмеан, позитивен и енергичен човек, полн со живот. Почивај во мир“, напиша тој на Фејсбук.