Почина докторот што предупредуваше за опасноста од коронавирусот

by Тони Зографски

Познатиот доктор за епидемиологија и член на Светската здравствена организација (СЗО) за Југоисточна Европа, Шефик Пашагиќ почина од последиците на коронавирусот, објави Радиосарајево.ба.

Претходно  беше објавено дека во Сараево е забележана нова жртва на коронавирусот, а потврдено е дека станува збор за докторот.
Пашагиќ почина на 61 година, а порталот наведе дека тој  бил приклучен на респиратор, а дека 15 дена имал тешка клиничка слика.

Тој од избивањето на пандемијата на Ковид-19  постојано ја предупредуваше домашната и регионална јавност за опасноста од коронавирусот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com