Докторот Предраг Лалевиќ, хирург и анестезолог кој 16 години беше со претседателот на СФРЈ Јосип Броз Тито и со него патувал на 106 патувања и кој на 4. мај 1980 година го исклучил од апарат доживотниот претседател на Југославија, почина во Белград на 92 годишна возраст.
Тито почина на 4.мај 1980 година во 15.05 часот, а на апарати бил 68 дена. Храната ја добивал преку инфузија, Др. Предраг Лалевиќ го исклучил од апаратите кои го одржувале во живот.
– Ни на шега не смее да се каже дека јас сум го убил. Десет минути пред тоа беше мртов. Му немаше спас. Јас само го исклучив од апаратот кој го одржуваше во живот, – рекол во минатото за српските медиуми, Предраг Лалевиќ.