Почина пејачот Ѓоко Дончев, кој важеше за еден од доајените на македонската народна музика.
Дончев беше активен на сцената повеќе од 25 години и со своите песни ја одбележа златната ера во македонската фолк музика.
Во текот на неговата музичка кариера соработуваше со најдобрите изведувачи и композитори и испеа дел од најубавите македонски фолк песни. Во македонската народна музика остави длабока трага со своите безвременски хитови, како легендарните „Чуј ги куме свирачите“, „Сношти Кате“, „О доме мој“ и многу други.
Ѓоко Дончев е роден на 2.5.1949 година во Валандово. Погребот ќе се одржи утре, на градските гробишта во Бутел.