На 44 години ненадејно почина диџеј Кирил Чипурески од Битола. Веста за неговата смрт ја објави менаџерот Васко Павлевски, сопственик на „Горила продукција“. Тој со неверување се прости од својот пријател и соработник.
„Другар почивај во мир. Заедно од Богданци до Тетово, од Струга до Каменица, безброј светски имиња, фотосесии, ти си кум на нашето ‘Фреш јунион’, многу пати беше и дизајнер, беше диџеј, беше продуцент, вршеше преводи по граници кога светски диџеи немаа виза, многу пријателства, многу журки, многу голем придонес за промоција на Битола и Македонија. 20 години заедно не беа доволни за да раскажеме сè! Се гледаме таму горе Чипур“, напиша Павлевски