Холивудскиот актер Лук Пери кој ја играше улогата на Дилан во планетарно познатата серија “Беверли Хилс“почина во 52 година од животот.
Неговиот агент ја потврдил тажната вест и рекол дека Лук бил опкружен со семејството кога починал.
„Актерот Лук Пери почина денеска од мозочен удар. Со него беа неговите деца Џек и Софи, неговата свршеница Венди Медисон Бауер, неговата поранешна сопруга Мини Шарп, неговата мајка Ен Менет, неговиот очув Стив Бенет, брат му Том Пери, сестра му Ејми Кодер и други блиски членови на семејството и пријатели. Семејството ја цени поддршката и молитвите за Лук од целиот свет и со почит бара приватност во ова време на големо жалење. Во овој момент нема да бидат објавени дополнителни детали“, се вели во соопштението на неговиот агент.