Почина малиот Вања Крапивин, рускиот тинајџер кој ја спаси мајка му од силување. Него силувачот го удри со тег и му ја здроби речиси пола глава.
Пред 19 месеци, 16 годишниот Вања кога се вратил од училиште го затекнал комшијата како се обидува да ја силува мајка му која се борела и била целата во крв. Рускиот тинајџер зел тег од 3 килограми и со него го удрил комшијата.
Но, 37-годишниот Роман Пронин брзо се повратил од ударот и со истиот тој тег го удрил Вања и му го скршил черепот. Потоа тој побегнал, мислејќи дека детето и мајката се мртви. Комшиите слушнале викање, дотрчале, и ги нашле двајцата како лежат во несвест во локва крв.
Вања бил 9 месеци во кома, а хирурзите морале да му одстранат дел од мозокот и од черепот.Пред два месеци рускиот тинајџер добил грип и во вторникот починал.
Иако бил избодена дури 27 пати, мајка му успеал да се опорави.
Напаѓачот прво бил осуден на 14 години затвор, а по смрт на Вања обвинението против него е променето како обвинение за убиство.