Едногодишното девојче кое вчера не можеше да се разбуде во една белградска градинка, попладнево почина.
“ Во текот на попладнето за влоши состојбата на девојчето, а мерките на реанимација не дадоа успех. Смртта кај девојчето настапа во 16.15 часот“, соопштиле од “Институтот за здравстена заштита на мајка и дете“ во Белград.
Од институтот претходно соопштиле дека денеска на два пати кај девојчето имал срцев застој, по што тоа било реанимирано. Исто така биле направени и сите токсиколошки анализи, кои не укажале за можна причина за срцев застој во текот на спиењето на девојчето.
Инаку, девојчето кое вчера попладне спиело во градинката, васпитачките и нејзината мајка не успеале да го разбудат. Веднаш стигнала брзата помош, а докторот констатирал застој на работата на срцето и на дишењето.
Оживувањето на девојчето започнало прво во амбуланта, па во болница, каде докторите успеале да ја активираат работата на срцето. Девојчето беше приклучено на апарат за вештачко дишење, а докторите до последен момент се бореа за нејзиниот живот.