15-годишното девојче кое беше тешко повредено во земјотресите што во неделата наутро го погоди Загреб, починало попладнево. И покрај сите напори на лекарите кои од вчера наутро се борат за нејзиниот живот, малото девојче починало.
“За жал, и покрај сите напори на медицинскиот персонал, тешко повреденото девојче од земјотресот вчера им подлегна на повредите. Во име на Детската клиника во Загреб, сакаме да им изразиме искрено сочувство на родителите и семејството”, изјави раководителот на болницата, Горан Роиќ за Индекс.