На 28-годишна возраст почина Горан Пандев, познат како Гокче, најверниот навивач на ФК „Академија Пандев“ кој има исто име и презиме со сопственикот на клубот и капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев.
„Со голема тага и жалост ја примивме веста за нашиот верен поддржувач со исто име и презиме со нашиот сопственик Горан Пандев. Гокче беше присутен на секој домашен и гостински натпревар на ФК Академија Пандев, а беше и голем пријател на безброј спортисти и спортски работници. Почивај во мир Гокче, никогаш нема да бидеш заборавен“, објавија на Фејсбук страната на прволигашот ФК „Академија Пандев“.