Добитничката на „Златна палма“ годинава, јужноафриканската манекенка и глумица Чарлби Дин почина во Њујорк на 32-годишна возраст по кусо боледување.
Родена и израсната во Кејптаун како Чарлби Дин Криек, таа потпишала договор со агенција за манекенки на 12-годишна возраст. А, своето актерско деби го имаше во јужноафриканскиот филм „Сечило“ (Spud) во 2010 година. Се појави и во серијата „Црно светло“, како и во филмовите „Трка на смртта 3: Инферно“, „Крв во водата“, „Не заспивај“ и „Портхол“.
Дин е ѕвезда на претстојниот филм „Триаголник на тагата“ (Triangle of Sadness), што ја освои престижната „Златна палма“ на Филмскиот фестивал во Кан во мај. Во него глумат и Вуди Харелсон и Харис Дикинсон, а треба да се појави во кината ширум светот на 7 октомври.
Таа беше свршена со јужноафриканскиот модел Лук Волкер. По наградата во Кан, Волкер во објава на Инстаграм напиша дека „не може да биде погорд“ на неа.