На 86-годишна возраст почина kомичарот Фред Вилард (86).
Веста ја потврди неговата ќерка Хоуп Мулбаргер за списанието People.
“Татко ми почина мирно синоќа на фантастична возраст од 86 година. Тој беше активен, тој продолжи да работи и да нè прави среќни до крајот. Ние многу го сакавме”, рече таа.
На помладите генерации тој им е познат од улогата во серијалот „Модерно семејство“
Актерката Џејми Ли Кертис се збогува со актерот преку социјалните медиуми.
Тага поради неговата смрт изрази и неговиот колега од „Modern Family“ Џеси Тајлер Фергусон.