На 68-годишна возраст почина гитаристот на „Дајер Стрејтс“, Џек Сони.
Сони бил наречен „вториот гитарист во „Дајер Стрејтс“, откако се приклучил во бендот, кој бил основан во основан во 1977 година од Марк и Дејвид Нопфлер, Џон Илсли и Пик Витерс.
Тој ги запознал браќата Нопфлер додека работел во музичката продавница на Менхетен, а подоцна отпатувал до Лондон за да го посети нивниот дом. Бил поканет да се приклучи на бендот во 1984 година и веќе бил член кога албумот „Brothers In Arms“ од 1985 година постигнал светска слава.
Албумот поминал 14 недели на првото место на топ-листата за албуми и п недели на Billboard 200 во САД, со некои од најпознатите хитови на бендот, вклучувајќи ги Walk Of Life, Money For Nothing и Brothers In Arms.
Веб страницата на музичарот го опишала како „писател, музичар, номадски раскажувач, татко и дедо кој „при срце“ ја примил реалноста на тешко научената лекција дека животот е краток“.
„Тој ја прифатил филозофијата да живее добро и да живее сега во потрага по создавање незаборавни моменти со пријателите и семејството. И тој е оној кој знаеше колку е важно да прегрнувате додека можете … бидејќи утре никогаш не се знае“, продолжувало во текстот.
По напуштањето на „Дајер Стрејтс“, Сони продолжил да се занимава со музика, враќајќи се во бенд што го основал во доцните 1970-ти, „The Leisure Class“.
Тој, исто така, редовно се појавувал со други поранешни членови на „Дајер Стрејтс“, во проектот „Dire Straits Legacy“.