Пријатели, роднини, познаници преку социјалните мрежи се простуваат од Елам Кадриа, сопственик на познатата скопска слаткарница „Апче“.
Според објавите на социјалните мрежи, бате Елам како што многумина го нарекувале, починал пред два дена на 12-ти. Погребот бил одржан вчера во тетовско Јаловјане.
–Со длабока болка и жал ви сопштуваме на сите роднини и пријатели дека нашиот пред се татко, дедо и газда на слаткарница Апче со големо срце почина. Погребот со сите протоколи ќе биде на гробиштата во Село Јаловјане Тетово во 13 часот со почит од персоналот на слаткарница Апче. Пред се ве известуваме дека нашиот газда не е починат од корона вирус, стои во објавата.