Газдата на мотелот Предејане, Драган Павловиќ почина на 57 години во Клиничкиот центар Ниш.
Тој во оваа установа бил примен пред неколку дена со висока температура. Сеуште не е познато дали бил позитивен на коронавирус.
Инаку, познатиот бизнисмен долго работел во Русија, а кога се вратил во Лесковац го купил мотел Предејане, редовна попатна дестинација и за македонските патници кои патуваат низ Србија. Тој често пати велел, дека без мотелот нема да постои ниту Предејане, што било мотив да почне да се занимава со угостителство. Драган со големи инвестирања го обновил мотелот, му ја повратил традицијата и ги задржал работните места. Тој зад себе оставил сопруга и две деца.