Водителката и поранешна учесничка во реалното шоу „Парови“ Слаѓана Петрушиќ синоќа почина од срцев удар. Медиумите пренесоа дека претходно била во болница и откако самата ја напуштила по 12:00 часот состојбата ѝ се влошила.
Во нејзиниот дом во Загреб, стигнале медицинска сестра и лекар кои се обиделе да ја вратат во живот, а наводно на лице место и бил даден епинефрин за да ѝ го вратат пулсот.
Слаѓана добила нов инфаркт околу 20 часот, но реанимацијата и обидот за нејзино оживување, кој траел околу половина час, не успеал. Починала околу 20 часот и 30 минути. Тажната вест ја потврди и нејзиното семејство.
„Со тага ве известуваме дека нашата Слаѓа синоќа не остави и отиде во подобар свет. Ќе биде кремирана, а пепелта ќе ѝ се расфрли во шума затоа што тоа место беше нејзиниот живот и таму ќе живее вечно. Ги замолуваме новинарите да не не контактираат бидејќи никогаш не сме биле дел од јавниот живот, а тоа беше желба ѝ на Слаѓа, па сакаме да ја испочитуваме“, рекоа од семјството.