Трпевски е роден во 1934 година и целиот свој стаж го мина во Вардар, прво како играч, а потоа работејќи со многу генерации фудбалери на црвено-црните и низ негови раце минаа еден куп фудбалери и репрезентативци.
Беше тренер на Вардар во освојувањето на втората шампионска титула по независноста, беше помошник во стручниот штаб, селектор на пионерската, јуниорската и сениорската репрезентација на Македонија во рамките на СФРЈ, а по независноста и селектор на јуниорската репрезентација на Македонија, потоа и на младинската до 21 година.
„Каква големина од човек беше ти. Кои зборови да ги кажам да ја опишат твојата добрина, професионализам, а пред се зборот родител. Дел од мојата душа и срце отиде со тебе. Ти благодариме што беше наш татко. Патувај со ангелите, тебе само таму ти е местото. Те сакаме многу. Ти тоа го знаеш. Последното испраќање на нашиот татко и сопруг ќе биде на градските гробишта Бутел на 31.12 во 11 часот. Почивај во мир татичко“, напиша неговата ќерка Искра Трпевa.