Долгогодишниот генерален секретар на на ФИБА и легендарниот кошаркарски функционер, Бора Станковиќ денеска почина во 95 година од животот.
Во неговата ера која траеше до 2002 година, кошарката доби најзначајни промени. Воведена е линијата за три поени, променета е димензијата на теренот, од полувреме мечот е поделен на четвртини за да се приближи на НБА кошарката.
Станковиќ беше заговорник на идејата на Олимписките игри да играат професиналци од НБА и тоа се случи во 1992 година.