На 83 години почина Берт Јанг, актерот најпознат по неговата номинација за Оскар за улогата на Поли Пенино, помошникот на Силвестер Сталоне во филмот „Роки“.
Веста ја потврди во средата од неговата ќерка, Ен Мореа Штаингизер, пишува „Њујорк пост“.
Извонредната улога на Јанг како Поли Пенино во „Роки“, играјќи го најдобриот пријател на титуларниот боксер, во тоа време го впиша во листата на ветеранските филмски актери.
„Јас бев единствениот актер што не учествуваше на аудицијата за првиот дел на „Rocky. И добив најмногу пари за тоа“, изјави тој за „Румпус“ во 2017 година.
Улогата од 1976 година во филмот на Сталоне му донесе номинација за Оскар за споредна улога.
„Го направив груб, но чувствителен човек“, рече г-дин Јанг подоцна за карактерот на Поли, улога што ја повтори уште пет пати во серијалот, последната во „Rocky Balboa“ во 2006 година.