Басистот на легендарната група „Прљаво казалиште“ Дубравко Ворих утрово починал во болницата во Загреб.
„Замина голем пријател. Јас сум шокиран“, рече пеjачот на групата Младен Бодалец (60).
Лекарите на 59 годишниот музичар минатата пролет му дијагностицирале карцином, но тој не сакал да си замине од групата, па продолжил да свири на турнејата во САД. По враќањето во Загреб, „Прљаво казалиште“ подготви спектакуларен концерт на стадион, кој Дубравко не сакаше да го пропушти. Тој свиреше на тој концерт, а следниот ден отиде во болница. Кога дознале дека е тешко болен, Јасенко Хоура и други членови на бендот не сакале да бараат замена за Ворих, туку го замолиле тој да го стори тоа, па во бендот дојде Марко Карачиќ.
Дубравко Ворих со групата „Прљаво Казалиште“ свиреше повеќе десетици години.