Американската поп пејачка Кристина (61) почина од коронавирус – пишува Гардијан.
Нејзиниот пријател, професорот Стив Васерман, објави на социјалните мрежи дека пејачката имала висока температура, немала проблеми со белите дробови, и изгледало дека ќе се опорави.
– Но, почина утринава – напиша Васерман.
Инаку, Кристина била популарна во осумдесетите со песните “Things Fall Apart“, и “Disco Clone“. Беше во брак со основачот на музичката куќа Ze Records, Мајкл Зилк, а се разведе во 1990 години. Последните години се пресели во Њујорк, каде што пишуваше музички есеи.