Младиот хрватски актер Роберт Будак почина на 27-годишна возраст. Овој талентиран загрепски актер пред две години ја доби наградата за најдобро остворување на млади уметници до 28 години за улогата во претставата “Таксиметар“.
Роберт Будак настапуваше и во претставите: “Шерлок Холмс“, “Алиса во земјата на чудата“ “Ромео и Јулија“ … Познат беше со своите актерски остварувања во филмовите: “Загреб Капучино“, “Мала кафана“ и “Од другата страна“.
Кај нас беше познат по улогите во хрватските серии ‘Хорватови“ и “Стипе на гости“.