Грчкиот дипломат, Адамантиос Василакис, кој беше главен преговарач во спорот со името со Македонија, починал на 79 години, објаввија грчките медиуми.
Василакис долги години работеше како дипломат, а служеше и на клучни позиции во Европската Унија и Обединетите нации.
Од 2007 година тој ја претставуваше Грција во спорот со Македонија, чиј медијатор беше Метју Нимиц.
„Министерството за надворешни работи тагува за загубата на амбасадорот Адамантиос Василакис, одличен дипломат кој ја почести својата татковина и беше модел и извор на инспирација за сите оние кои имаа среќа да го запознаат“ соопшти грчкото МНР.
Comments are closed.